Ограбена бензинска во Ченто, арамиите побогати за 100.000 денари

132

Бензинската пумпа „Мак Оил“ на улицата Антон Попов во скопската населба Ченто, рано утрово, била мета на арамии.

Утрово околу 3,40 часот, како што наведува МВР, две непознати маскирани и вооружени лица извршиле разбојништво над вработениот во бензинската пумпа. Тие успеале со плен од околу 100.000 денари веднаш да го напуштат местото.

Полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителите.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.