Ограбена куќа во Куманово, направена штета од пет илјади евра

Вчера од 15  до 20 часот во Куманово на ул.„Ѓорче Петров“, во куќата сопственост на Ф.Б.(1991), НН сторител извршил тешка кражба на тој начин што насилно отворил еден од прозорите, влегол внатре и одзел 2.500 евра, разновиден златен накит (бурма, прстени, нараквица, ланче) и еден лап-топ „Acer“, со што причинил материјална штета од околу 314.000 денари.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.