Ограбена земјоделска аптека во Битола

Ноќта меѓу 27-ми и 28-ми мај на улицата Булевар 1 Мај во Битола била ограбена земјоделската аптека ДООЕЛ „Агронија“ во сопстеност на В.И.(35) од Битола.

Од земјоделската аптека, лицето одезело земјоделски препарати во вкупна вредност од 225 илјади денари.

Од МВР информираат дека кражбата е извршена на тој начин што со сила е отстранет катанецот на влезната врата на дуќанот кој се граничел со аптеката
.
Полицијата трага по сторителот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.