Ограбени две цркви во Гостиварско

цркви

Јосифоски потврди дека, исто така, непознати сторители насилно провалиле и во црквата „Свети Ѓорѓија“ во селото Здуње. Најпрво го отстраниле катинарот од металната заштитна решетка, потоа ја скршиле цилиндер бравата на дрвената влезна врата и по пребарувањето на внaтрешноста на објектот од масичка за продажба на свеќи одзеле помала сума на пари.

Екипи на СВР Тетово извршиле комплетен увид, пронајдените траги се дадени на вештачење и се превземаат активности за расветлување на сите поединости и за откривање на сторителите.