Ограбени две цркви во кичевско

Во текот на изминатите два дена од две цркви во кичевско се украдени три илјади денари.

Кражбите се случиле во селата Козица и Ехлоец. Непознат сторител од црквата „Св. Петка” украл околу две илјади денари и од црквата „Св. Пантелејмон” украл околу илјада денари.

Се трага по сторителот.