Ограбени три канцеларии на граѓански здруженија во Велес

Tри канцеларии на граѓански здруженија сместени во приземјето на синдикалната зграда во центарот на Велес, се ограбени од непознати сторители, информира портпаролката на СВР Велес Билјана Ѓаковска.

Крадците од канцелариите одзеле повеќе предмети. Инаку овие простории се во сопственост на Општина Велес.

Ѓаковска посочи дека екипи на СВР Велес направиле увид на самото место и се преземаат мерки за откривање на сторителите.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.