Ограбено момче во Аеродром

Крадецот, како што информира МВР, го удрил момчето во пределот на тилот и кога паднал му одзел мобилен телефон, а се обидел да му одземе и златно синџирче од вратот, но не успеал, по што побегнал во непознат правец.

Полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.