Огромен интерес за „ Купи куќа, купи стан “

Илјадници граѓани за три дена го посетиле саемот „ Купи куќа, купи стан “, кој нуди помош при решавање на станбеното прашање во вид на субвенции на станбен кредит.

На саемот, освен Министерството за финансии, изложуваат и 20 компании – градежни фирми со понуда на станови и банки преку кои може да се земаат станбени кредити во рамки на проектот.

– Во процес на барање на стан сме. Сакаме да аплицираме за „ Купи куќа, купи стан “, бидејки субвенциите изнесуваат по неколку илјади евра – или како дел од учеството или како дел од ратата. Тоа е голема помош за почеток, бидеќи ќе ни останат пари да го опремиме станот, вели Ива Стојановска од Скопје.

– Добра е идејата на исто место да се стави понудата на станови, банките и луѓето од проектот ” Купи куќа, купи стан ”. Наместо неколку дена шетање по градежници, банки, до Финансии, тука сите информации ќе ги добиете за еден час. Има добра понуда на станови и убави попусти. Видов станови на атрактивни локации во Скопје кои се нудат за 900 евра за квадрат. Има и поефтини станови за 750 евра за квадрат, вели Димитар Стојановски од Скопје.

купи куќа саем

Саемот „ Купи куќа, купи стан “ трае до утре, 1 ноември. Проектот, пак, продолжува и 2016 година.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.