Огромна дупка проголта дел од плажа во Австралија

Огромна дупка проголта дел од плажа во Австралија
Огромна дупка проголта дел од плажа во Австралија

Луѓето кои кампувале на плажата Виножито во Квинсленд, морале многу брзо да ги соберат своите работи и да избегаат од делот на плажата која за неколку минути исчезнал три мети под површината на морето.

Никој не е повреден во инцидентот, но некои не биле доволно брзи да ги извлечат возилата и камп опремата, па неколку автомобили и шатори  сега се три метри под водата. Дупката која се отворила проголтала околу 200 метри од плажата на која се наоѓал шаторски камп, пренесува „Еј-Би-Си“.

Очевидците велат дека додека се одмарале забележале дека песокот брзо пред очи им се губи. Едвај успеале да ги соберат рботите, да ги стават во возила и да избегаат.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.