Огромна поддршка во Горно Лисиче за досегашните и идни проекти на Коневски

Кандидатот за градоначалник на Општина Аеродром од ВМРО-ДПМНЕ Ивица Коневски вечерва оствари средба со жителите на Горно Лисиче на две локации, на последната постојка на автобуската линија број 17 на улицата „Тодор Чангов“, како и во паркот во местото Бановина.

„Стотиците граѓани кои дојдоа на средбите, изразија голема поддршка за сето она што досега го направивме во тој дел од општината, но и за големиот број проекти што ги планираме за наредниот период, секако доколку ја добиеме вашата доверба на претстојните локални избори. Во нашата програма предвидуваме изградба на парк во дворот на училиштето „Гоце Делчев“ во Горно Лисиче (хортикултурно и партерно уредување на просторот со поставувње на урбана опрема), изградба на повеќенаменско игралиште лево од влезот на паркот Бановина (мал фудбал, кошарка и ракомет), изградба на кошаркарско игралиште (STREET BASKET) во Горно Лисиче до фудбалскиот стадион, со соодветна подлога која ќе може да се користи на сите временски услови и ќе биде соодветно осветлено, со сите потребни реквизити неопходни за овој вид спортување“, пишува Коневски на Facebook.

Додава дека планираат урбанизација на место викано Бановина во Горно Лисиче со 148 плацеви за проектот „КУПИ КУЌА ЗА МЛАДИ И КУЌА ЗА НАД 36“, осветлување на патот Горно – Долно Лисиче, бетонирање на усјански канал по цела должина, реконструкција на улиците „Тодор Чангов“ 20, 52 и 41 и Ѓорѓи Капчев 9 и 35.

„Во нашата програма планираме и пробивање на Тодор Чангов 21 со Новопроектирана улица во Ново Лисиче, изградба на водоводна мрежа на Божин Николов Силни од ул.Ѓорги Капчев 16а до Ѓорги Капчев 22, како и реконструкција на покрив и санитарии во ОУ „Гоце Делчев“ во Горно Лисиче, санација на фудбалското игралиште во рамки на основното училиште во училишниот двор (обнова на асфалт, замена на спортски реквизити, замена на осветлување). И натаму ќе ги поддржуваме културните манифестации, како Велигденски средби во црквата „Св. Петар и Павле“ во Горно Лисиче и Коњанички марш“, пишува Коневски.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.