Охајо ја зголемува дозата на инјекцијата за смртна казна

Властите на американската сојузна држава ќе ја зголемат дозата на смртноносната инјекција, со која се извршува казната врз лицата осудени на смрт.

Охајо најави дека ќе ја зголеми дозата на комбинацијата на два лека, од кои едниот е седатив, а другиот против болки, со цел да се „отстрани секоја натамошна загриженост“ по последната егзекуција, кога осуденикот, откако му е дадена инјекцијата се тресел и тешко дишел додека не починал по речиси половина час.

Американските сојузни држави имаат проблеми по ова прашање, бидејќи европските фармацевтски компании ја запреа испораката на одредени лекови за егзекуција, бидејќи Европа се противи на смртната казна.