Јоханес Хан обвинет за корупција

Францускиот дневник „Либерасион“ го обвинува европскиот комесар Јоханес Хан за корупција, наведувајќи дека Хан дозволил на ловечките излети и скапи вечери и ручоци да го повикуваат странски лобисти, без, како што е предвидено да пријави пренесува австриски јавен сервис ОРФ и дневникот Стандард.

Листот наведува дека Хан декември 2015 година, ја прифатил поканат за оди во лов со белгиски лобисти, и укажувајќи дека кодексот на однесување е обврска во Европската комисија да ја пријави поканата која ја добил од лобистите
За еден неименуван потпарол на Хан за ОРФ и Стандард рекол дека поканата била од чисто приватна природа. Тој рекол дека тогаш учествувал во лов со својата тогашна партнерка, која поседувала ловечка дозвола.

Хан сметал дека немало потреба таа покана да се пријави во регистерот на транспарентност.

Спрема Стандард, австрискиот комесар е поврзан и со други ситуации во вска и со конфликт на интереси.

Така во јуни оваа година дури три пати имал ручек или вечера со претставничката на Австрија во ревизорската комисија Хелга Бергер.

Еднаш бил во придружба на својата актуелна партнерка Сузан Рис-Пасер, и поранешната вицеканцеларка.
Како што пишува листот одењето во ресторани плаќала Бергер, а сметките ги проследила за наплата до ревизорската комисија.

Од кабинетот на Хана велат дека таквите средби се дел од редовните размени на мислења на комесарот со претставниците на институциите и организации и дека тоа неморало да се пријави.

Извор: Блиц.ср