Охриѓанец фатен со дрога и уапсен

Министерството за внатрешни работи информираше дека вчера на булевар „Туристичка“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода 45-годишниот Н.М. од Охрид, затоа што при преглед во патничко возило „фиат мареа“, со струшки регистарски ознаки, во кое се наоѓал, биле пронајдени марихуана и семки од канабис сатива.

Н.М. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информира полицијата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.