Охриѓанец обвинет за опожарување на две возила

Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против  А.Г.(23) од Охрид.

– Тој, на 25.03.2021 година околу 22 часот, запалил две патнички возила, „Опел Виваро“, со охридски регистарски ознаки и „Сеат Ибица“, со скопски регистарски ознаки, паркирани пред хотелски објект во Охрид, информира СВР Охрид.