Охриѓанец прегазен од сопствениот автомобил

147

Педесет и деветгодишен охриѓанец излегол од својот автомобил, по што возилото почнало да се движи, тој се обидел да влезе во него но не успеал па бил прегазен.

Несреќата се случила во петокот а во 14,15 часот било пријавено дека во Охрид, на локалниот пат кон место викано Чекоштина, кај крстосницата која води кон „Сончева порта“ и локален неасфалтиран пат за селото Орман, 59-годишниот Л.В од Охрид, го паркирал возилото ,,хјундаи аксент“ со охридски регистарски ознаки и излегол од него.

Бидејќи возилото не било обезбедено, почнало да се придвижува наназад, по што Л.В. се обидел да влезе во него, но не успеал, а возилото продолжило да се движи прегазувајќи го. Несреќниот сопственик се здобил со тешки телесни повреди, по што бил пренесен во болницата „Св.Еразмо“ за укажување на лекарска помош.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Охрид.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.