Охриѓанец си градел викендица без никакво одобрение

Надворешната канцеларија за криминалистичка полиција Струга поднесе кривична пријава против С.Н.(48) од Охрид, поради постоење основано сомнение за сторенo кривично дело „бесправно градење“.

По извршен инспекциски надзор пријавената, во својство на инвеститор, на место викано „Блато“ во атарот на с.Калишта во текот на 2021 година започнала со изградба на викенд куќа, без одобрение за градба, поради што е донесено решение со кое на инвеститорот му се наложува да ги отстрани неправилностите на изградениот објект.