Охриѓанец со нож нападнал сограѓанка и ја ограбил

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Д.Н.(29) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“.

Пријавениот, на 29.12.2019 околу 05:40 часот во населбата „Грашница“ во Охрид, со остар предмет ја нападнал Ј.С.(66) од Охрид по што и ја одзел чантата во која имало пари и два мобилни телефони.

На Д.Н. му е одредена мерка притвор од 30 дена.