Охриѓанец тешко повреден по излетување од коловозот

На 18.04.2020 во 15,05 часот на магистрален пат Охрид-Ресен, во близина на месноста викана „Прентов мост“ се случила сообраќајна незгода во која Р.Н(73) од Охрид, управувајќи товарно моторно возило „фиат скудо“ со охридски регистарски ознаки изгубил контрола над возилото и излетал од коловозот.

Во незгодата Р.Н се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во болницата „Свети Еразмо“.

Увид на лице место извршила увидна екипа на СВР-Охрид.