Охриѓанец требало да биде во самоизолација, а излегол да се тепа со сограѓанин

Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според законските прописи за време на епидемија“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против 33-годишен охриѓанец.

Тој, на 8 јули, непридржувајќи се до решението од Државниот здравствен и санитарен инспекторат со одредена мерка домашна самоизолација, самоиницијативно го напуштил својот дом во Охрид и на булеварот „Туристичка“ предизвикал нарушување на јавниот ред и мир, со физички напад врз сограѓанин.