Охрид: Градежен бум со нови 23 проекти за граѓаните (ВИДЕО)

Во наредниот период во Охрид ќе се реализираат  вкупно 23 крупни инвестициски зафати.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски најави дека Охрид во наредната година до две ќе доживее силен инвестициски бум, при што ќе се реализираат  проекти од различен карактер и ќе се вложат значителни износи на средства.

Дел од инвестициските зафати веќе се во тек, а  реализацијата на останатите ќе почне наскоро, информира лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски при посетата на Охрид викендов.

Во пакетот на 23 проекти спаѓаат:

  • Изградбата на Плаошник каде Владата инвестира над 30 милиони евра при што местото ќе добие комплетен лик и автентичност до 2018-та година.
  • Охрид ќе добие нов затворен базен на чија изградба се работи и ќе заврши во 2018 година.

– Втората половина на следната година ќе се отпочне со градба на експресниот пат Охрид Пештани во должина од 15 километри, а во тој период ќе започне и градбата на експресниот пат Требеништа Струга.

  • Се гради и автопатот Кичево Охрид каде се пробиени над 80 проценти од трасата и се инвестираат 375 милиони евра. Треба да биде готов до 2018та година.
  • Ќе се гради и нов Конгресен центар. изминатата недела повторно ЕЛЕМ распиша конкурс за избор на идејно решение по избор на идејното решение ќе се отпочне постапка за проектирање. Проценета вредност на проектот е 10 милиони евра. Доколку се тече според планираното ќе се почне со градба втората половина на 2017та година.
  • Избрано е идејно решение за нова Пешачка патека на дел од Охридското езеро. Во зависност од ГУП-от и измените на Законот за просторно и урбанистичко планирање, ќе биде одобрен инфраструктурен проект, по што ќе се отпочне со постапка за добивање одобрение за градење. Проценета вредност е над еден милион евра кои ќе ги инвестира државната МЕПСО.
  • Мепсо ќе инвестира и во современа Марина – избрано е идејно решение и проектант. Согласно роковите, проектантот има обврска да го изработи основниот проект и инфраструктирниот проект до декември/2016 година. Потоа ќе следи постапка за одобрение за градење и избор на изведувач.
  • Охрид ќе добие и нов Театар (Дом на култура) –Урбанистичкиот план е во завршна фаза, ќе биде одобрен наредната недела.
  • Ќе се уредува и плажата Лагадин. – избран е изведувач, во тек е процедура за добивање на одобрение за градење.
  • Охрид ќе добие нова катна гаража чиј инвеститор е ЕЛЕМ. Проценета вредност на проектот е 10 милиони евра. Во средина на наредната година би се почнало со градба откако претходно ќе се завршат потребните процедури.
  • Нова Катна гаража ќе гради и АД за стопанисување со станбен и деловен простор. Во завршна фаза е одобрување на урбанистичкиот план, непосредно до домот на културата, по што ќе отпочне постапка за избор на идејно решение, изработка на проекти и избор на изведувач.
  • Се планираат и активности за изградба на Здравствен дом во Охрид, кој би бил зајакнување на постојниот здравствени капацитети во кој веќе активно се инвестира.
  • Освен тоа во тек е постапка за одобрување на ГУП за град Охрид со што ќе се реши долгогодишно барање на граѓаните и ќе биде значајно за економскиот развој на градот.
  • Исто така е донесена и програмата за времени објекти која е одобрена,
  • Општина Охрид изработува програма со која ќе се предвиди изградба на спортска сала која ќе биде дел од заживувањето на просторот на старата касарна во Охрид за потребите на за Факултетот за информатички науки и технологии СВ Апостол Павле.
  • Активно се развива и Академија за филмска и телевизиска уметност ФАМУ која егзистира во Охрид.
  • Се градат во Охрид и три тениски терени за што се инвестира 19 милиони денари и едно повеќенаменско игралиште од 9 м денари.
  • Кога е спортот во прашање се планираат и Две повеќенаменски игралишта и спортска сала.
  • Утврдена е локација за игралиште на песок кое ќе се наоѓа во населбата Даљан., од страна на општина Охрид наредната недела ќе биде издадено решение за градење.
  • Ќе се гради и нова Фитнес зона за што е издадено одобрение за градење, се отпочнува со градежни активности за 1 недела.
  • Исто така за Љубаништа има идејно решение и основен проект за плажа во должина од 500 метри, спремно за тендерирање, нема финансиски средства во буџет.
  • Избрани се идејни решенија за уредување и на дополнителни 3 плажи на Охридско Езеро, општина Охрид и тоа: 120 метри плажа во населено место Далјан; 120 метри плажа во близина на т.н. Извиднички камп, 700 метри плажа на потегот од место викано Студенчишко блато до хотел Парк. За сите потребно е да се изработи основен проект во наредниот период.
  • На крај изработена е физибилити студија од страна на МЕПСО за развој на Галичица и потенцијалите кои ги нуди за ски центар со што би се заокружила туристичката понуда на Охрид.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.