Охрид ќе добие современ базен за пливање и ватерполо

Директорот на СЦ „Борис Трајковски“, најави изградба на нови затворени пливачки базени и современ базен за пливање и ватерполо во Охрид. Базенот ќе биде согласно нормативите на меѓународната пливачка федерација ФИНА за ватерполо натпревари со димензии 25 метри широчина и 33 метри должина.

„Со изградбата на спортските сали на територијата на Република Македонија се овозможи развој на спортска култура, се придонесе со квалитетен импут за подигнување на спортскиот стандард на сите оние кои што се занимаваат со спорт и спортски активности. Досега се изградени 32 мултифункционални спортски сали, а реновирани и модернизирани се две спортски сали кои ги исполнуваат потребните стандарди за одржување на натпревари во кошарка, ракомет, одбојка, мал фудбал, како и натпревари во индивидуални спортови“, истакна Капушевски.

Според програмат на ВМРО-ДПМНЕ, во план се изградба на девет нови спортски сали и реконструкција на  деве постоечки. Спортски сали ќе се градат во Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, во Државиот универзитет во Тетово, во населба Ченто, во центар, во средното училиште за физичка култура „Методи Митевски-Брицо”, во Домот за деца без родители „11-ти Октомври”, во Основно училиште „Кочо Рацин”,  во општина Шуто Оризари, Охрид,  Крушево (село Бучин) и Велес. А, спортската сала Партизан 3 во Скопје ќе се реконструира.

Капушевски најави и дека со вештачка трева ќе бидат опремени фудбалските игралишта во: Штип, Битола, Струмица, Прилеп, Охрид, Кратово, Велес и Тетово. А, во целост ќе се реализира и проектот за изградба на „120 тениски терени“.

„Ќе се реализира проектот „Изградба на 100 повеќенаменски маалски игралишта“. Досега исе зградени и пуштени во употреба 12 повеќенаменски игралишта. Завршени се и подготвени за отворање 22 игралишта. 23 игралишта се во фаза на градба и ќе бидат реализирани во текот на 2014 година.