Охрид не престанува да се тресе

Земјотрес од 4 степени по Рихтер повторно во четвртокот ги вознемири жителите на Охрид, според објавата на интернет страницата на Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC).

Најновиот земјотрес од пред повеќе од еден час имал магнитуда од 4 степени по Рихтер и епицентарот е на длабочина од 1 километар и е во истото подрачје, од кое потекнуваат над 1.300 земјотреси кои се случија во нешто повеќе од две седмици.

Претходно во четвтокот земјотре со магнитуда од 2,5 по Рихтер во 8,30 часот е регистриран со епицентар осум километри од Охрид и на длабочина од два километра.

Во текот на изминатата ноќ, за разлика од претходните речиси три седмици, регистриран е само еден послаб потрес од 2,6 степени по Рихтер, во 4,20 часот утрото во четвртокот.