10.8 C
Skopje
вторник, април 23, 2024

Охрид од денеска почна да се справува со дивоградбите, се руши станбена куќа

„Најавената акција за уривање на дивоградбите во Охрид, што беше едно од барањата на УНЕСКО, почна утрово, пишува Охруд њуз. За спорната куќа било веќе издадено решение за уривање, а таа се наоѓа на улицата „Марко Несторовски“ во месноста Горна Влашка Маала.

„Со полициска придружба се врши отстранување на нелегално граден објект на улицата „Марко Нестороски“ каде претходно беа и приведени неколку работници. Повеќе детали за акцијата наскоро“, пишува порталот.

Пред објектот деновиве била поставена и жолта лента од страна на надлежниот инспекторат, меѓутоа лентата била скината, а потоа било продолжено да се гради нелегалниот објект. Досега, нема трага од сопственикот.

Спорната куќа моментално се урива во присуство на полиција, а пред неколку дена на истата локација беа уапсени градежни работници кои што работеле, иако јасно била истакната жолтата лента за забрана за градба.

Во Охрид има над 1076 дивоградби, од кои само во заштитеното подрачје има 409.