Охрид во август домаќин на 300 најуспешни пливачи на ФИНА

Евгениј Поп Ацев победник на Охридскиот пливачки маратон
Евгениј Поп Ацев победник на Охридскиот пливачки маратон

Пливачката федерација на Северна Македонија најави дека во месец август 2019 година, на Охридското Езеро ќе се одржат спортски настани од светска категорија.

На овие натпреварувања ќе настапат над 300 учесници, а ќе бидат присутни и сите најуспешни пливачи на официјалната ранг листа на Светската пливачка федерација (ФИНА).

Од ПФСМ додаваат дека Охрид од страна на ФИНА е прогласен за град со најмногу спортски настани во водените спортови во светот што е уште еден доказ за успешната професионална работа на домашната пливачка федерација.

Спортските настани ќе започнат на 8 август со сертифицирање на судии за далечинско пливање, а ќе завршат на 28 август со финална трка од 10 км кружна патека, Градски кеј, х. Ројал вју – Охрид.