Охридската полиција за 6 часа одземени возачки дозволи на 13 возачи во алкохолизирана состојба

Во периодот меѓу 10 и 11.07.2021 година во времето од 23 до 05 часот, при извршени сообраќајни контроли на подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници регистрирале 13 возачи кои, управувале патнички моторни возила под дејство на алкохол

Од нив петмина биле тестирани во Охрид, седум во Кичево и еден возач во Дебар.

Тие веднаш се исклучени од сообраќај, одземени им се возачките дозволи и против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.