Охридски „Водовод“ издвоил пет милиона денари за предизборни вработувања

Јавното претпријатие „Водовод“ од Охрид на 23 март годинава склучила договор за Јавна набвака на услуги од агенцијата за привремени вработуавња во висина од 5.000.000 денари без ДДВ. Работата ја добива Приватната агенција за вработување „Аксиос-Вардар“ од Гостивар.

Ова се случува во предизборниот период и во времето кога коронавирусот зема замав, а, од друга страна, за ова јавно претпријатие велат дека има превработеност.

Членот ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид на Фејсбук пишува:

Јавното претпријатие „Водовод“ Охрид со над 250 вработени во услови на економска криза и намален обем на работа, троши нови 5 милиони денари за привремени вработувања.
Срам да ви е за „одговорноста” која ја имате. Ако имаме татко на градот за ова би следело разрешување“.