Охриѓанка пазарела со фалсификувани банкноти

Кривична пријава заработи 20 – годишна охриѓанка која пазарела со фалсификувани банкноти. За 20 –годишната Е.М од Охрид постоење сомнение за сторени четири кривични дела „фалсификување пари“.

Четири пати пазарела со фалсификувани банкноти

Како што информира МВР, пријавената, во периодот од 28.04 до 17.05. годинава, со цел да се стекне со противправна имотна корист, на подрачјето на Охрид пуштила во промет четири лажни банкноти од по петстотини денари со исти сериски број.

Пријавената, иако знаела дека станува збор за фалсификувани банкноти, односно дека се лажни пари две фалсификувани банкноти од по 500 денари пуштила во промет во продавница во населбата Пештани, а по една во продавница, ноќен клуб и бурекџилница во Охрид.

Четири пати пазарела со фалсификувани банкноти
Четири пати пазарела со фалсификувани банкноти

На тој начин, охриѓанката која пазарела со фалсификувани банкноти се стекнала со противправна имотна корист од 2.000 денари.

На 14.05.2015 година околу 21,45 часот, пријавената од вработениот во продавницата во Пештани побарала двете банкноти од по 500 денари да и бидат заменети за една банкнота од 1.000 денари. Продавачот кој ја извршил услугата, подоцна забележал дека двете банкноти имаат сомнителен квалитет и дека имаат исти сериски број. Фалсификуваните пари се одземени и испратени на вештачење во Министерството за внатрешни работи во Скопје, соопштуваат од МВР.

Грк со фалсификувани евра точел гориво во Гевгелија

Во текот на вчерашниот ден МВР извести за уште еден случај за фалсификувани пари.

Грк со фалсификувани банкноти точел гориво во Гевгелија
Грк со фалсификувани банкноти точел гориво во Гевгелија

Грк со фалсификувани евра точел гориво во Гевгелија. При извршена проверка на возилото на граничен премин „Богородица“ било утврдено дека вин бројот на возилото е фалсификуван, а кај него биле пронајдени и фалсификувани евра.

Како што информираат од МВР, грчкиот државјанин ноќта меѓу понеделникот и вторникот во 02.00 часот на пристигнал на граничниот премин „Богородица“.

На излез од Република Македонија при извршена проверка на патничкото моторно возило „Цитроен Саксо“ со грчки национални ознаки, а управувано од грчкиот државјанин В.К.(42) било утврдено дека вин бројот на возилото е фалсификуван, додека кај истиот биле пронајдени и фалсификувани евра.

Шесте банкноти од по 50 евра биле со ист сериски број, а предходно со фалсификувани евра (банкнота од 50 евра) платил за точено гориво на бензиска пумпа во близина на граничниот премин.