Охриѓанец опожарил 25.000 квадрати дабова и борова шума

Охридската  полиција поднесе кривична пријава против лицето Б.С.(58) од Охрид поради постоење основано сомнение за сторени „тешки дела против општата сигурност“.

Имено на 18 март пријавениот во атарот на селата Арбиново, Лактиње и Годивје, со запалка опожарил тревна површина по што за кратко време огнот се проширил на околната шума предизвикувајќи имотна штета и опожарување на 25.000 квадратни метри дабова и борова шума кај селото Арбиново, околу 30.000 квадратни етри сува трева и шума кај селото Лактиње како и опожарување на околу 10.000 квадратни метри млада шума и сува трева во атарот на селото Годивје.