Охриѓанката Маја премрзнала до смрт

Малолетната охриѓанка по која два месеци се трагаше, пред ва дена беше пронајдена над планините во Охрид.Обдукцијата покажа дека ниските температури се причина за трагедијата.

Портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, потрвди дека 15-годишната Маја Блажевска пред два дена е пронајдена мртва на местото викано „Натнасер бачила“ над Охрид.

Димоски појасни дека се работи за подрачје кое е на 1.500 метри надморска височина и е тешко пристапен терен. Повикувајќи се на резултатите од обдукцијата тој истакна дека на телото немало знаци на насилство и дека девојчето починало од хипотермија, односно премрзнала на екстремно ниските температури.

Димовски искажа жалење што двомесечната потрага по малолетната охриѓанка заврши трагично, Тој нагласи дека целиот тим работел на пронаоѓање на Маја.

Портпаролот рече дека дополнително ќе се утврдуваат причините за несреќата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.