ОИ: Норвешка ја декласира Шведска во битката за бронзениот медал

Женскиот ракометен тим на Норвешка по поразот од Русија во полуфиналето и серијата на протести на норвешките ѕвезди на арбитражата на сестрите Бонавентура, денешното мало финале донесе нерамноправен дуел.

Норвешка ја декласира Шведска со 36-19 (19-7) и го освои бронзениот медал.Најефикасни во норвешката селекција беа Дале и Морк со по осум гола, а кај „трите круни“ се истакнаа Вестберг и Карлсен со по четири погодоци.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.