ОИ: Србија моќно против Црна Гора

Актуелниот олимписки победник во ватерполо во машката конкуренција, селекцијата на Србија ја надигра Црна Гора со 14-6 (6-1, 2-1, 3-2 и 3-2) и заврши на третото место во групата Б.

По овој расплет, Србија во четвртфиналето ќе се соочи со Италија, која го освои второто место во групата А.

Црна Гора едвај обезбеди четвртфинале и ќе игра против Грција за место во полуфиналето. Филип Филиповиќ постигна три гола, а Дедовиќ и Пјетловиќ запишаа по два погодоци.

Италија и Унгарија играа без победник 5-5 (2-1, 2-1, 1-1, 0-2), па со ова реми првото место во групата го освои Грција, која супер-убедливо ги надигра американските ватерполисти со 14-5 (4-1, 2-2, 5-2, 3-0).

Последната двојка во четвртфиналето ќе биде познат по натпреварот меѓу Хрватска и Шпанија. Елиминационите натпревари започнуваат во среда наутро.