ОЈО Скопје ја уважи жалбата на Макпетрол и ОИЛКО

Основното јавно обвинителство Скопје ја уважи жалбата на Макпетрол и ОИЛКО во делот на ослободување на банкарските сметки.

Како што информираат од Обвинителството по повод изјавената жалба од правните лица Макпетрол АД и ОИЛКО КДА – Скопје против донесеното решение на судијата на претходна постапка за обезбедување на имотот и за привремено запирање на извршување определени финансиски трансакции, доставен е одговор на жалба од Основното јавно обвинителство – Скопје, во кој е даден предлог жалбата на решението во делот на ослободување на банкарските сметки да биде уважена.

Имајќи ја предвид потребата од следење на работењето на Макпетрол АД – Скопје и ОИЛКО КДА – Скопје до судијата на претходна постапка доставен е предлог за следење на платниот промет и трансакциите на овие две друштва, соопштуваат од ОЈО.

Оттаму информираат дека по поднесената кривична пријава против раководни лица од Макпетрол АД – Скопје, во тек е предистражна постапка.

Согласно Законот за кривична постапка, сите дејствија преземени во предистражната постапка од страна на јавниот обвинител и полицијата се сметаат за тајна и во овој момент во интерес на постапката нема да се соопштат активностите кои Основното јавно обвинителство – Скопје ги презема со цел проверка на наводите содржани во кривичната пријава, се вели во соопштението.

ОЈО Скопје ја уважи жалбата на Макпетрол и ОИЛКО – одмрзнати се сметките

Од Обвинителството информираат дека постапувајќи по допрен глас (информации објавени во медиумите) во текот на вчерашниот ден биле прибавени дополнителни докази од Макпетрол АД – Скопје, од кои се утврдила потребата од ослободување на сметките на друштвото со цел овозможување непречена работа, како на Макпетрол АД Скопје во рамките на исполнување на веќе преземените обврски за снабдување со енергенси на други субјекти, така и со цел овозможување на работата на трети правни лица во кои Макпетрол АД Скопје се јавува како единствен содружник и извор на финансиски средства за нивното работење.

Од тие причини во рамките на жалбената постапка што се води пред Основниот суд Скопје 1 – Скопје, по повод изјавената жалба од правните лица Макпетрол АД и ОИЛКО КДА – Скопје против донесеното решение на судијата на претходна постапка за обезбедување на имотот и за привремено запирање на извршување определени финансиски трансакции, доставен е одговор на жалба од Основното јавно обвинителство – Скопје, во кој е даден предлог жалбата на решението во делот на ослободување на банкарските сметки да биде уважена, се вели во соопштението.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.