ОЈО со истрага за сообраќајната несреќа во која загина прилепчанец

Основното јавно обвинителство- Прилеп ја истражува сообраќајната несреќа во која животот го загуби 36- годишен прилепчанец.

Вчера попладне прилепчанецот загинал во сообраќајна несреќа на патот прилеп- село Присад. Тој управувал со автомобил „лада“, што се судрил со „фолсфаген пасат“.

Јавен обвинител изврши увид на местото заедно со екипа од крим- техника при МВР.

Издадени се наредби за подигање и обезбедување на траги и предмети кои можат да послужат како доказ. Издадена е и наредба и за обдукција врз телото на починатиот за утврдување на причините за смртта.