Џокер го чека првото дете со девојката за која мислел дека го презира

35-годишната американска актерка Руни Мара е бремена и го чека првото дете со оскаровецот и ѕвездата на “Joker”, 45-годишниот Хоакин Феникс.

Актерот и продуцент Феникс и актерката Мара го очекуваат своето прво заедничко дете, открил извор близок до парот за странските медиуми.

Во јавноста не се знае многу детали за нивната љубовна врска, а претходните два месеци парот бил во изолација во својот заеднички дом во Лос Анџелес.

Изворот открил дека Мара, која во последно време носи само широка облека за да го сокрие трудничкото стомаче, е во шестиот месец од бременоста и дека Хоакин е пресреќен поради идниот член на семејството.

Во меѓувреме, ПР менаџерите на двајцата актери одбиле да одговорат на прашањата за бременоста на Руни, а со таа постапка само ги распламтиле трачевите за нејзината бременост помеѓу фановите.

Парот за првпат се запознал на снимањето на филмот “Her”, но не се забавувале сè додека не се сретнале повторно на сетот на филмот “Mary Magdalene” во 2018 година.

Феникс во октомври минатата година во интервју за “Vanity Fair” открил дека бил убеден дека Мара не го поднесува, но со текот на времето забележал дека сепак таа била заинтересирана за него.

“Таа е единствената девојка која некогаш сум ја пребарувал на интернет”, изјавил Хоакин во интервјуто.

Во јули 2019 година, Хоакин и Руни се верија, а трачевите за нивната веридба кружеа со месеци пред таа да биде фотографирана со веренички прстен, кога и конечно потврдија дека се верени.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.