Џокер – лидер на шарената револуција

Џокер е лик од стриповите на стрип едицијата ДиСи Комикс (DC Comics). Секогаш бил луд, непресметлив негативец, криминалец, убиец, психопат и противник на Бетмен. Значи стрип лик – негативец. Направен е да биде се’ што е зло лошо, негативно, без причина, лудило без оправдување, криминалец кој е тоа само заради криминалот.
Многу актери го глумеле низ децениите на сите Бетмен-Џокер инкарнации и секако дека секој кој го глумел оставил силен актерски белег. Џек Николсон во првата варијанта на Тим Бартон или уште повпечатливата и оскаровски наградена актерска бравурозност на Хит Леџер во верзијата на Нолан, која е и најдоброто нешто во светот на стрип филмовите. До толку, што текстот за тој филм, освртот и рецензијата беа објавени и во Премин.

Пред да го гледате филмот трерба барем малку да знаете за кого и за што се работи, кој лик се игра и во каков контекс т инаку без тоа делува премногу недефинирано. ДиСи Комикс изградија неверојатно сугестивен универзум во кој живеат овие двајца – Џокер и Бетмен.

Секако и оваа верзија на Џокер, и единствен и прв филм само за него, приквел како настанува Џокер, нешто што ни ДиСи не се занимаваше да го образложи, затоа што Бетмен, Брус, Томас Вејн (татко му) се позитивните ликови, богати мултимилајрдери кои се борат против злото.

Џокер е јаден лик, преодреден да стане она што е, лудило и компресија на ирационални ситуации и состојби кои го прават она што е – зло и ништо друго без оправдание и причина.

Филмот се занимва со тоа како настанал овој лик и како и покрај огромната количина на зло, лудило и порив за убивање станува народен херој, на крајот од филмот. Зошто? Само затоа што претепал богати, убил популарни (метак у чело на Де Ниро беше за мене милина од сцена), а богатиот е по нивни дифолт лош, арогантен и оправдано е да се убие особено кога тебе ти е лошо. Иако, скоро сите рецензии се обидуваат да паламудат за слоевитоста на ликот, и несомнениеот феноменален перформанс на Жоакин Феникс, сепак салонскиот интелектуализам тешко дека може да ја согледа широката и многу ризична слика за општеството, која е прикажана во филмот.

Нолан во третиот филм за Бетмен – Dark Knight Rises ја прикажа и „животинската фарма” на социјалистичката револуција и како ќе изгледа таа и нејзиниот мотив само да се уништио она што е добро. Ако побарате да читнете рецензии за филмов од либералните медиуми, пред се Си-Ен-ЕН (CNN), они пак жестоко го нападнаа и го искритукуваа, затоа што одушевувањето од Џокер стана толку големо што ја загрози и идеолошката матрица.

Како која?

Народот затрупан во долгови, смет, несигурност, секако не бара рационални решенија, они сакаат инстант лична правда за срањето во кое се наоѓаат, а не како што Томас Вејн се обидува да ги реши проблемите. Богатот бизнисмен се канидидира заради епатија и сака да помогне, но како и кај нас така и секаде, па и во универзумот ДиСИ, плебсот со омраза гледа на секој успешен и богат и за нив е лош. До толку е негативна перцепцијата што попрво ќе заследат лудак, психопат, сопциопат, само затоа што ги покрива нивните ситни и подмолни страсти поради нефер живот и срањето во кое се.

Овој филм е опасен колку што станува попопуларен за левицата. Матрицата на шарената револуција не е применета само кај нас, таа се користи секаде и не се воздржуваат педофилски да злоуптребуваат ликови, ако треба и Грети. Џокер едноставно е лицето на новокомппонованиот либерален шовинизам, кој сака да остава впечаток на спонтаност во праведниот отпор каде секое дело, какво и да е, е оправдано, особено за целта – богатите се зло – уништете ги ќе имаме еднаково општество.

ДиСи Комикс никогаш не си дозволиле нивните стрипови ликови и приказни да замсрдат на комунистички индоктринации.

Ако Жоакин Феникс добие Оскар, ќе биде и добро и лошо како перцепција. Секако дека сега засега тој ги има шансите, затоа што освен Бред Пит во Ад Астра нема сериозен конкруент, но Бред нема ни да биде конкуриоран, кај се видел боготражителски филм на Оскар. Нејсе, филмот „тресе“ и полни сали, многумина бараат и луштат слоеви за да си најде секој оправдание за својата идологија на овој поларизиран свет – лево – десно – лошо – добро, а Џокер е моментално најгоелмиот форум-критичар на нивното движење. Бидете убедени дека до оскарите ќе се смени и наративот што сакал режисерот и писателот да кажат за да се намали турбуленцијата во „Силата“ оти и онака, левицата серозно се „тресе“, а монтентно еден таков Томас Вејн, алиас Трамп сеизмикчки ги тресе, поттикнат само од тоа што и он како Томас Вејн сака да направи добро и добра промена за сите. Затоа потребен им е Џокер у овој покер, кој ќе сака да го види светот како гори, само поради своето лудило на шизофрено согеледување кој му чини, а кој не, и дали татковската љубов која му следува, според него, од богатиот Вејн му е ускратена од наследеното лудило на мајката. Кога ќе најдат таков за таму, ќе се пренесе во светот, луд социопат кој нема да се премислува да го стисне Црвеното Копче. Филмот е тежок, тежок и незабавен за гледање, освен ако само сакате да гледате монодрамата на Жоакин која го носи целиот филм со спектакуларна леснотија и одлично го вади она што треба да го извади од ликот. Колку само се добри актерите кога треба да портетираат зло, неверојатно креативни. Музиката е намерно непријатна и некомуникативна, па дури и бизарна на мигови која просто те тера да ставиш раце на ушите. Кинематографијата не е ништо особено, се изнагледавме ремек дела така што ова е одлично, но толку, се’ е во ликот и гласот на Џокер, цел филм.

За филмот дури и кај нас сеуште има редици пред кино, особено што стана ИН меѓу младите, а они не читаат критики, едноставно ако им се прошири – се како цунами, што е просто запрепастувачки, оти со ништо овој филм не комуницира со нив, но како и ликот, така и филмов, нема рационални освен некаков преплитки и предлабоки пориви за да биде гледан кај повеќето е ендоставно е ИН да се отиде и да се погледне.

Џокер ќе биде следното оружје против светот, дали ќе го препознаете? Овој филм ги отвора токму тие „чакри“, а ви реков, тоа е опасно за нив. Доаѓаат промени и попрво ќе бидат лоши одошто добри – како за кого.

Автор: Јанко Илковски за НетПрес