„Џокер“ може да стане најпрофитабилниот филм во историјата

Филмот „Џокер“ на Тод Филипс со Хоакин Феникс во насловната ролја може да стане најпрофитабилниот филм кој се базира на стриповите во историјата, оценува финсискиот магазин Forbes.

Според истражувањето на весникот, по пет седмици прикажување споменатата филмска драма на кино-благајните заработила 953 милиони долари. Се претпоставува дека во текот на викендов, филмот ќе заработи уште неколку милиони долари, со што вкупната заработка ќе биде повисока од 957 милиони долари.

Оваа сума би била за 15,3 пати поголема од буџетот за производството на „Џокер“ од 62,5 милиони долари, со што филмот ќе го надмине според заработката „Маска“ од 1994 година со Џим Кери, комедија којашто заработи 351 милион долари, или за 15,2 пати повеќе од првичниот буџет од 23 милиони долари.

Во написот се дадени и податоците за профитот на другите филмови базирани на стриповите на „Marvel“ и „DC“, па така „Веном“ од 2018 година со Том Харди, на кино-благајните заработил 854 милиони дилари со буџет од 90 милиони долари, а „Бетмен“ на Тим Бартон од 1989 година заработил 411 милиони со буџет од 35 милиони долари.

Покрај тоа, пријатна вест за авторите на „Џокер“ е и фактот дека оваа психолошка драма веќе го зазема третото место на списокот филмови, чијашто заработка надминува 900 милиони долари, а притоа се создадени со многукратно помали буџети.

На првото место во оваа категорија е мјузиклот „Боемска рапсодија“ од 2018 година со Рами Малек кој заработил 905 милиони долари со буџет од 52 милиони долари, а на второто место е анимираниот филм „Кралот лав“ од 1994 година, кој заработил 968 милиони со буџет од 55 милиони долари.