Јокиќ го потпиша рекордниот договор со Денвер

Српскиот кошаркар Никола Јокиќ ќе го продолжи договорот со Денвер Нагетс, а со сумата предвидена за него е поставен и нов НБА рекорд.

Српскиот центар ќе добие рекордни 270 милиони американски долари за наредните пет сезони, со што Денвер максимално го награди двократниот МВП на лигата.

Денеска договорот и официјално е потпишан, нешто што го објави агентот Мишко Ражнатовиќ. Јокиќ заслужено ќе го одработува новиот договор од сезоната 2023/24, а најмногу би заработил од последната сезона.