Јокиќ: Поради мене загубивме од Бостон

Центарот на Денвер, Никола Јокиќ, ја презеде вината за високиот пораз ноќеска на свој терен од Бостон со 104:124.

Јокиќ постигна 23 поени, со осум погодени од 23 обиди од поле.

– Загубивме од Бостон поради мене.

Сè е едноставно. Можеби премногу се брзав, не знам. Мислев дека имам добри можности за шут, но не погодив. Добро се бранеа од мене. И во одбраната не играв како што треба, изјави Јокиќ.

Со 43 победи и 28 порази Далас е на 5. место во Западната конференција од НБА-лигата.