Јокиќ се врати за победа на Денвер, одличниот Дончиќ недоволен за победа на Далас (ВИДЕО)

Никола Јокиќ паузираше на последните два натпревари кои ги одигра Денвер поради повреда на задната ложа, но рано утрово се врати во акција и го постигна клучниот кош за победа на својот тим.

Српскиот центар забележа нов трипл-дабл во НБА лигата и го предводеше Денвер до тесна победа на гостувањето кај Њу Орлеанс, оставрена со резултат 98:99.

Со своите последни поени, Јокиќ го постави конечниот резултат и го заврши мечот со 25 поени, 11 скокови и 10 асистенции, па по поразот од Оклахома, Нагетси се вратија на победничките патеки.

За разлика од Денвер, Далас продолжи со својот голем пад во формата и загуби и од Вашингтон, дури и во ситуација кога Лука Дончиќ имаше брилијантно издание.

Словенецот забележа 41 поен, 15 скокови и 6 асистенции, но тоа не се покажа како доволно за триумф над „волшебниците“. Вашингтон славеше на гостувањето во тесен меч со 126:127.

Индијана – Чикаго 116:110
Мајами – Бостон 98:95
Њујорк – Кливленд 105:103
Њу Орлеанс – Денвер 98:99
Далас – Вашингтон 126:127
Феникс – Шарлот 128:97
ЛА Лејкерс – ЛА Клиперс 115:133

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.