Јокиќ јунак во триумфот на Денвер на гостувањето кај Далас

Србинот Никола Јокиќ постигна 33 поени, вклучително и победничките два за Денвер во победата над Далас остварена синоќа на гостински терен.

Кај домаќините најдобар играч беше Лука Дончиќ на кого му недостасуваше само еден скок за трипл-дабл. Словенецот мечот го заврши со  27 поени, 10 асистенции и девет скока.

Резултати на натпреварите од НБА лигата играни ноќта среда кон четврток:
Бостон – Сан Антонио 114:129
Шарлот – Торонто 110:112 (по продолжение)
Индијана – Мајами 108:122
Орландо – Вашингтон 123:89
Атланта – Хјустон 115:122
Далас – Денвер 106:107
Њу Орлеанс – Чикаго 123:108
Јута – Њујорк 128:104
Голден Стејт – Милвоки 98:107