Околу 1.000 „спорни“ граѓани досега се пријавиле во ДИК

Од речиси 40 илјади граѓани со спорни записи, до вчера напладне во Државната изборна комисија се пријавиле околу илјада, за да бидат запишани во избирачкиот список и да можат да го остварат своето гласачко право.

Се работи за граѓани на кои, по извршените вкрстени и теренски проверки, не им се совпаѓаат податоците.

Тие треба до 19-ти август да се пријават во подрачните одделенија и канцеларии на ДИК, или да се пријават преку веб- апликацијата на интернет страницата на Комисијата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.