Во напади на вооружени групи во неделата вечер во Нигер, во села во покраината Тахуа близу границата со Мали, убиени се најмалку 137 лица, објави нигерската влада во понеделникот ноќта.
Станува збор за најсмртоносните напади коишто им се припишуваат на џихадистите во Нигер последните години, поради што владата прогласи тридневна жалост.
„Систематски напаѓајќи го цивилното население, овие вооружени бандити минаа во нова фаза од ужасите и варварстата. Владата ги осудува варваските напади од поединците без вера и закони“, изјави портпаролот на нигерската влада Закарија Абдирахман во соопштението на државната телевизија.
Во соопштението се наведува дека се преземни засилени безбедносни мерки во областа на нападот и отворена е истрага со цел сторителите да бидат изведени на суд.
Покраината Тахуа се наоѓа иточно од покраината Тилабери, во близина на Мали. Тахуа, е голем пустински регион, кој на север граничи со Алжир.
Тиланери, пак, се наоѓа во областа на „трите граници“ меѓу Нигер, Мали и Буркина Фасо и често е цел на напоадите на џихадистичките групи поврзани со Ал Каеда и Исламската држава. Џихадистите на 15-ти март нападнаа неколку возила кои се вражале од селски саем во Банибангу и убија 66 жители на едно село.