Околу 2.500 исчезнати по ураганот Доријан на Бахами

Околу 2.500 луѓе се наоѓаат на списокот на исчезнати лица откако разорниот ураган од 5-та категорија Доријан ги погоди Бахами, објавија во средата власата, истакнувајќи дека на оваа листа може да се наоѓаат и лица кои спасот пред невремето го нашле во засолништата ширум архипелагот.

„Овој список сѐ уште не го споредивме со владините податоци за тоа кој заминал во засолништата, а кои луѓе се евакуирани. Процесуирањето на базите со податоци е во тек“, изјавил Карл Смит, шеф на националната агенција за вонредни состојби.

Само на островот Њу Провиденс биле евакуирани околу 5.000 луѓе, додал. Комерцијалните летови на островот Абако, кое е едно од најпогодените подрачја, треба делумно да се воспостават подоцна во средата.

Илјадници луѓе сѐ уште се наоѓаат во засолништата на разните острови од бахамскиот архипелаг, а во мометот според официјалните податоци во невремето од 1-ви септември има 50 загинати.

Доријан ги погоди овој атлантси архипелаг пред десет дена како еден од најсилните уригани кои некогаш се забелажани, следен со ветрови со брзина од 298 нгиломтри на час.