Околу 200 неонацисти го прославија роденденот на Хитлер

Околу 200 неонацисти дојдени од Франција и Германија во салата за разни манифестации во селото Олтанг во Алзас ја прославија 125 годишнината од раѓањето на Адолф Хитлер.

Градоначалникот на селото Олтанг наводно не знаел кому ја изнајмува салата.

– Ние наседнавме и жалиме за тоа. Салата беше резервирана од еден Французин и еден Германец за организирање на банкет. Ние не се посомневавме, изјави тој.

Од своја страна француската жандармерија, предупредена од германските власти за собирот на неонацистите, не интервенираше со објаснување:

– Стануваше збор за приватна вечер. Ние не можевме да ја спречиме. Немаше нарушување на јавниот ред“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.