Околу 2000 медицински лица заразени со корона, а 15 починати, по една маска на двајца лекари

66

Поради недоволната заштита на медицинскиот кадар расте бројот на медицински лица кои се инфицираат новиот Ковид-19 вирус и кои ја губат битката поради компликациите.

Вчера почина 57-годишната Елизабета Јанкова, здравствен работник од Центарот за јавно здравје во Битола. Јанкова е втора жртва на Ковид-19 во битолското здравство. Пред една недела почина и медицинска сестра од Одделението за хирургија.

На 10 ноември почина радиологот Поликсена Стојановска-Ѓеорѓиевска од Здравствениот дом во Ресен. На почетокот на декември матичниот лекар Вангел Трајчулески од Крушево.

Вкупниот број на починати здравствени работници поради компликации од корона вирусот е околу 15, а бројот на заболени е 1800-2000 медицински лица.

Оваа висока бројка на заразени со корона вирусот на здравствените работници се должи на недоволната лична заштита при работа, односно немањето на заштитни маски.

Лекарите велат дека додека имале заштитна опрема, како на пример заштитни маски, ракавици, визири, скафандери и така натаму, ширењето на корона вирусот помеѓу медицинските лица беше далеку помал.

Првите месеци од појавата на пандемијата биле добро снабдени со лична заштитна опрема и затоа бројот на заболени меѓу медицинскиот персонал, беше далеку помал, а сега оставени се да прегледуваат пациенти, кои можат да бидат и носители на вирусот, само со хируршки маски кои не штитат од ковид 19.

Тие велат дека пред неколку дена, прв пат им биле доделени маски Н95, за која се верува дека повеќе штити од вирусот, и тоа дадени им биле по две маски кои треба да ги користат два месеци, а додека во охридската болница, исти такви маски им дале по две на вработен, кои треба да ги користат цел месец.

Оваа информација ја потврдуваат медицински лица вработени во овие здравствени институции, односно болници, а се претпоставува дека истово важи за сите Јавно здравствени установи низ државата.

Значи, ако медицинскиот персонал, почнувајќи од техничари, сестри, лекари, сакаат да се заштитат од вирусот при извршувањето на своите работни активности, кои се прегледување, контрола, третман и лекување на пациенти, независно дали се потврдени со ковид или не, мораат сами да си купат од заштитна маска до скафандер.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.