Околу 26 милиони Американци дефинитивно не сакаат да се вакцинираат

И покрај растот на бројот заболени од Covid-19, во САД сѐ уште има многу граѓани кои се двоумат дали да се вакцинираат, а некои и дефинитивно се откажуваат од имунизацијата против коронавирусот.

Според најновото истражување, спроведено од американското биро за попис, 25,9 милиони Американци или 10,4 проценти од возрасните граѓани, наведуваат дека дефинитивно или речиси сигурно нема да се согласат на вакцинација, пренсува во саботата весникот USA Toda“.

Околу 16,3 милиони Американци (6,5 отсто од возрасната популација) не веруваат во вакцините, а седум милиони (2,8 проценти) не мислат дека Covid-19 е голема закана за нивното здравје.

Уште 13,8 милиони Американци или 5,5 проценти од возрасните граѓани не се вакцинирани затоа што велат дека немаат доверба во администрацијата на претседатлот Џо Бајден.

Досега 169.592.873 Американци или 51,1 отсто од населението се целосно имунизирани, без разлика дали станува збор за две дози на mRNA вакцина на прозиводителите „Pfizer“ и „Moderna“, или една доза на „Johnson&Johnosn“, покажуваат податоците на американскиот Центар за контрола на болести и превенција (CDC).