Околу 3,8 милиони евра за 7 месеци од казни на 193 илјади лица без маска

За период од 7 месеци во Македонија, колку што траеше обврската за задолжително носење заштитна маска, изречени се 193.000 казни на граѓани, што изнесува околу околу 3,8 милиони евра.

Толкав е приближно вкупниот износ од казни во буџетот, под услов да се наплатени сите прекршоци од граѓаните. Износот на казната е 20 евра во денарска противредност.

Владата од вчера ја укина мерката задолжително носење маска на отворено, а сега е задолжително само на затворен простор и на отворено доколку има поголемо групирање.