Околу 300.000 дози вакцините против Covid-19 на американскиот производител „Pfizer“ наскоро ќе завршат на депонијата Дрисла затоа што им истекува рокот на важност.
Од Mинистерството за здравство за телевизија Телма информираат дека рокот на употреба е до крајот на февруари, а потоа ќе отпочне постапка за нивно уништување.
Но од таму уверуваат дека на залиха има доволно количини вакцина, а се очекуваат и нови пратки кон крајот на идната недела.
Во март се очекува да пристигнат и првите количини од договорените 10.000 вакцини „Фајзер“ за деца од 5 до 11 години, најавуваат од Министерстото за здравство.