Околу 300 Срби и 200 Хрвати се борат во Украина едни против други, на две различни страни

На украинскиот фронт 300 Срби и 200 Хрвати се борат едни против други, на две различни страни. Неофицијално имало од 70 до 80 украински борци со хрватско државјанство, пишува Слободна Далмација.

Руските податоци покажуваат дека од 24 февруари 2022 година околу 200 Хрвати заминале во Украина, а повеќето од нив се приклучиле на Азовскиот полк. Еден од нив е и Денис Шелер, поранешниот шеф на навивачката организација на фудбалскиот клуб Динамо во Загреб, кој со години се бореше на страната на Украинците од 2014 година. Него Москва го означи како „организатор на хрватските платеници“. Шелер објаснува дека хрватските власти на ниту еден начин не ги охрабрувале своите граѓани да учествуваат во актуелната војна.

Групата Вагнер регрутира Срби за војната во Украина. Но, српската власт реагираше затоа што тоа е забрането со закон и казниво.

Според објавите во медиумите, најмалку осум Американци загинаа досега во Украина. Платеници од многу земји се борат во Украина. Руската инвазија на Украина почна на 24 февруари лани.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.