Околу 35 отсто од Црногорците пушат цигари

Околу 35,4 отсто од жителите на Црна Гора се пушачи, а бројот на младите од 13 до 15 години што консумираат титунски производи е двојно зголемен, покажуваат најновите податоци на Институтот за јавно здравје на Црна Гора.

Национаната координаторка за контрола на тутунот, Агима Љаљевиќ, вели дека, според податоците со кои располагаат, во популациската група од 18 до 24 години имало повеќе жени-пушачи од мажи, што укажувало дека нешто се променило во културата на црногорската жена кога е во прашање консумирањето тутунски производи.

Шефицата на националната канцеларијата на СЗО, Мина Брајовиќ, предупредува дека податоците со кои располагаат на европско и на глобално ниво се алармантни.